Monday, November 19, 2007

Бленкет пипл, рајз!

Зашо луѓето имаат толку предрасуди према луѓето што носат ќебиња како дел од аутфит?

Зашто да не може да се прифати ко нормален феномен?

Може за неколку децении ќе дојде ледената доба каде секој човек задолжително ќе излегува надвор само со ќебе (ѕиври одоздола и чорапи со папучи). Од практични причини. Веќе нема да биде стандардна облека само за до продавница. И веќе нема да ја носат само луѓето од работничката класа. Луѓето од Дојран. Домаќинки. Или шознам припадници на секта. Или ете... луѓе шо свират у бендови.

Сите ќе сакаат да го имаат тоа парче меко задоволство врз себе 24/7.

Може едноставно луѓето денес ќе сватат дека носењето ќебе всушност те прави попривлечен, понежен, помек и потопол човек.

Мажите ќе добијат нова цел во животот...
Да ти се бутнат под ќебе!

Иако мислам дека неговата револуционерност ќе пропадне, кога тетките шо идат по свирки ќе сватат дека носењето ќебе е кул и андерграунд и ќе го искомерцијализираат тотално. Ќе почнат да носат карирани ќебиња у школо и за искачање. И Парис Хилтон ќе направи модна линија "бленки ин перис".

Ама гледајте ги и позитивните сајдефектс.
ПЕТА нема да дојде да ве лови со харпун затоа што сте облекле крзно.
Затоа што вие секогаш со себе ќе си го носите вашето ќебе.
Кое ќе ве гали, гушка и топли. И никогаш нема да ве напушти.

Ahhh...Think about it!

Исто ќе се намали и стапката на самоубиства.

Никој не им го дава заслужениот респект на ќебињата. А тие биле секогаш со вас. Уште од денот кога сте се родиле, па се до сега.

Штета што немав доволно храброст да го направам тоа прва.
Според најновите извори, штотуку била видена жена надвор со ќебе. Мртва озбилна!

Јеах.

Ама моето митско карирано бленки шутка газови.
Ќе си го носам замотано околу врат ко шал :)

Можеби ќе бидам првиот човек (мртов озбилен) што некад излегол надвор со јорганче :)

2 comments:

Nikola Pchinski said...

Па не баш прв, ја си играв супермен со фротирка или кебе у двор :)

Иначе, ајм веринг а бланкет рајт нау.

А најако е да си играш со шатори од кебиња :)

Un said...

А да запалиш ќебе? Онака со зипо...