Сакам да патувам..
Да се изгубам некаде. Со некого. Било каде...
****
Се прашувам дали ќе се распаднам некој ден, ќе пуштам боја дур ме бањаат, ќе оќелавам и сл. Ќе ме фрли во контињер, девојченцето што до вчера не можеше да спие без мене, и ќе си купи барбика. Што дека јас имам батерии и знам да зборам и одам.
****
Душевната декомпозиција солидно си го тера темпото.
Ќе станам прашина побрзо отколку што мислам.
Сакам некое ново, неоткриено место. Негибнато од човек, неосквернавено. Рушевини и сонце. Сакам да се смеам. Сакам да се смеам почесто. И да не мислам дали ќе се изглупирам пред некој или не. Сите се толку опседнати со туѓите животи.
Само се плашам, фобијата од изминувањето на времето, да не се претвори, во фобија од луѓе.
Кога станавме толку оттуѓени?
Светот, интернет, информации...
На крај нема да можеме да се препознаеме на улица без аватарот.
Може и никад веќе нема да искачаме од дома.
Све ќе можеш да си подготвиш дома.
Инстант бебе.
Ја истурате содржината на кесичката во тенџерето.
И го оставате да стои 9 месеци.
Шо ќе ви е секс, коа секогаш можете да имате сајбер-секс.
И тоа со поише души наеднаш.
Само....
Неможам да се ослободам од чудново чувство на празнотија.
Не сакам никој.
Не се сакам ни себе.
Оу уел!

1 comment:
Ја те сакам бе!
Post a Comment