*
Duhh!
*
Незнам како да излезам од златниот кафез на извесноста. Се чувствувам ко мало дете кое го заштитуваат од суровоста на светот и не може да падне. Сакам да си ги изгребам и така веќе доста изгребаните колена и да бегам директно во срцето на злото. Сакам да го олабавам јажето, без да види мојот хенгмен и да ја иступам гилотината пред да запре на мојот врат.
Ќе зине длабоко и јас едноставно ќе пропаднам во некоја црно-бела временска дупка и ќе се вратам назад во времето кога еретиците ги палеле на клада.
Тогаш најверојатно би ја добила таа неизвесност.
Бегајќи од екстреми, всушност не би знаела ни до каде да се приближам.
И додека ги бројам капките отров кои што циркулираат во мене, а шишенцето инфузија се преполовува, се прашувам дали на ова треба да почнам да се смеам?
Дај бе нека ме киднапира некој ејлиен !
No comments:
Post a Comment